Отказ преку мејл на крај од работниот ден добиле 348 информатичари на италијанска фирма во Србија

Фото: Фрипик

„Лотоматика“, италијанска компанија за игри на среќа и спортско обложување отпушти 348 вработени во својата канцеларија во Белград, Србија. Сите биле вработени веќе два дена на задача на промена на нивната платформа. Информацијата дека им престанува работниот однос ја дознале од мејл, испратен на крај од работното време.

Некои од отпуштените уште во текот на денот го изгубиле пристапот до нивната VPN, е-пошта и работниот компјутер. Објаснувањето го добиле на крајот од смената, преку е-пошта дека се отпуштени, објавува порталот Startit.

„Лотоматика“, италијанска компанија за игри на среќа и спортско обложување, го купи SKS365 (познат под брендот Planetwin365) во 2024 година за 639 милиони евра.

Компанијата пред некој ден објави дека претходната година била исклучително успешна финансиски.

Белградскиот ИТ тим беше задолжен за миграцијата кон платформата Лотоматика. Според неофицијални информации од Reddit, тимот ја завршил работата и се шпекулира дека во тој момент станал непотребен.

Според соопштението од италијанскиот синдикат USB, Лотоматика отпуштила 348 вработени во својата српска подружница PWO, со што официјално се потврдува оваа информација за отпуштањата.

Извор: Стартит.рс

фото: Фреепик

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ