Gley ги носи „Предавниците” во Македонија

Единствената македонска стриминг-платформа Gley го најавува пристигнувањето на најгледаното и најнаградуваното забавно шоу на денешницата – глобалниот феномен „The Traitors” („Предавниците”). Шоуто кое веќе ја освои светската публика ќе биде премиерно достапно на македонската публика од 24 април 2026 г., ексклузивно на Gley.

„The Traitors” е впечатлив спој на психолошка игра и социјален експеримент, кој гарантира силна емотивна вклученост на гледачите и интензивно следење на дејството од епизода во епизода.

Приказната се врти околу група натпреварувачи со различни занимања и контрастни карактери, ставени во изолирано и мистериозно опкружување. Меѓу нив тајно се избрани предавници, чија задача е да ги елиминираат останатите играчи еден по еден, без да бидат откриени. Лојалните играчи, од друга страна, мораат да ги разоткријат предавниците пред да остане никој од нив. Секоја епизода е тест на интелигенција, емоционална стабилност, интуиција и способност за манипулација – каде секој потег може да биде пресуден.

Глобалниот хит „The Traitors” има локални верзии во над 30 земји, меѓу кои САД, Велика Британија, Австралија, Канада и повеќе европски пазари, и насекаде бележи рекордна гледаност. Форматот се смета за еден од највлијателните на денешницата и е добитник на низа престижни признанија, вклучувајќи ги наградите BAFTA и Emmy.

„Како единствена македонска стриминг платформа, преку овој серијал Gley ја продолжува својата стратегија за претставување на врвни светски брендови пред домашната публика. Горди сме што ја обезбедивме лиценцата за еден ваков глобален хит, а воедно ја отвораме и можноста за креирање на македонска верзија во 2027 г.”, се вели во соопштението на Gley.

Сите епизоди од првата сезона на „The Traitors USA” се достапни премиерно на gley.mk од 24 април 2026 г. Претплатата на Gley им овозможува на корисниците неограничен пристап до целата содржина на единствената македонска стриминг-платформа.

Глеј сега на gley.mk

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ