Последниот извештај на „Репортери без граници“ веќе две години се пресметува на основа на пет параметри: економски, безбедносен, социјален, политички и правен контекст. Овие параметри, во Македонија го спуштија индексот на слободата на медиумите за три места во однос на претходната година и влезе во групата земји каде слободата на медиумите е оценета како „проблематична“.
Од сите пет параметри, најзагрижувачки се економскиот и безбедносниот статус, е ставот на лидерот на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници на Македонија ССНМ, Павле Беловски. Во емисијата „Стадион“ Беловски изнесе податок дека дури 69% од вработените во медиумите минатата година земале плата под просечната. Голем дел од новинарите и снимателите земаат плати близу минималната. Како што вели Беловски, нашето 45-то место е реално и треба да се запрашаме како да ги подобриме овие состојби.
-Морам да забележам на извештајот на Репортери без граници која ја цени слободата на медиумите и контекстот во кој медиумите работат.45 место – не станува збор за перцепција туку станува збор за конкретни факти. егзактно, емпириски, а додадено надградено 45-то место, да зборуваме колку падот на тие три места нешто промениле. Но, вели нешто многу позагрижувачки, а тоа е дека имаме пад за разлика од останатите земји, а падот доаѓа од политичкиот, безбедносниот и правниот аспект. Кај нас економскиот е меѓу првите и безбедносниот. Имаме доста тужби, имаме доста доста доста напади и ограничување на слободата на медиумите, вели Беловски.
Според него, не е толку фрапантно колку што е егзистенцијалниот или ја како што рече „миксот од социјалниот и од економскиот“.
-Ние лани имавме просечна плата од 44.000 денари и нешто. На таа просечна плата дури 69% од вработените во медиумите земаа подпросечна плата. Сега ако ги додадеме овие 2.000 и нешто денари (просечна плата) при што нема раст во новинарските плати. Значи ние сме и во поголем процент под просечната плата и сега ние за кое 45-то место треба да разговараме во друга анализа?! Можеби многу голем дел земаат точно колку што е минималната плата или малку над минималната плата. Така што а извештајот на Репортери без граници за мене е многу точен и ја одразува сликата каде се наоѓаат нашите медиуми. Треба да се запрашаме и да прашаме одново како да ги подобриме. Имав прилика и на претходната влада и на оваа влада лично со премиерот да му предложам конструктивни решенија како да работиме да не бидеме 45-то место. На Мицковски му се допадна предлогот, но рече да разговарам со министерката за финансии, објаснува Беловски.
ССНМ предлага „француски модел“: Државата да ги ослободи од придонеси платите на новинарите до одреден износ (на пр. 1.000 евра), со што ќе останат повеќе пари кај работникот и кај медиумот. Франција уште во 1987 година го применува системот во кој преку ослободување од плаќање на придонесите ја субвенционира платата на вработените во медиумите.
-Тоа значи одредена плата во Македонија – нека биде 1000 евра на пример. Над 1000 евра примања не ги субвенционира. До 1000 евра плата ги ослободува државата, односно не ги зема. Односно работодавачот не ги дава, со што остануваат кај работникот и ние имаме вин – вин ситуација затоа што ем работодавачот нема да ги плати, ем работникот ќе ги добие, кажа Беловски.
Тој го изнесе податокот дека сопствениците веќе не сакаат да плаќаат за труд кој не носи директен профит, иако новинарството е од јавен интерес, за што треба да биде признаено и поткрепено како такво од државата. Неуммоллив тренд е дека новинарството во Македонија старее, а просекот е околу 50 години бидејќи младите не доаѓаат да работат за минимална плата.






