Ќе дојде ли на ред и Груевски? – Унгарски новинари тргнаа во потрага на бегалците и алзилантите на Орбан

Новинари на унгарскиот медиум Direkt36 го пронајдоа во стан во Будимпешта полски заменик министер во егзил, Марчин Романовски, кој е обвинет за корупција во својата татковина. Еден од сопствениците на имотот е Мате Кочиш, кој е поранешен секретар на партиски огранок на Фидес, партијата на Виктор Орбан.

Веќе е познато дека унгарската влада, како и на нашиот екс премиер Никола Груевски, му помага на екс министерот Романовски, обвинет за корупција, да избега од полскиот правосуден систем. Direkt36 откри блиски врски меѓу унгарската влада и Романовски. Поранешниот полски заменик-министер за правда моментално живее во станот на член на персоналот на парламентарната група Фидес.

Еден од сопствениците на станот во Будимпешта е Давид Паркаи, кој, според документ до кој дојде Direkt36, работи како „личен секретар кој помага во парламентарните активности“ во парламентарната група на Фидес. Според договорот, лидерот на парламентарната група Мате Кочиш го ангажирал Паркаи во септември 2025 година да работи осум часа на ден.

Новинарите на Direkt36 исто така го посетија лично Романовски на имотот, но, тој не одговорил на прашања:

Паркаи потврди за Direkt36 дека Романовски живее во имот што е негова ко-сопственост. Кога беше прашан за неговите врски со парламентарната група Фидес и Мате Кочиш, тој рече дека работи во парламентот не како секретар, туку како правен експерт.

Во документот што го поседува медиумот се наведува дека работодавачот на Паркаи е Мате Кочиш, а неговото име се појавува на дното од договорот. Паркаи за Direkt36 изјави дека договорот всушност не го потпишал самиот Кочиш, туку Ѓерѓ Бала, заменик-лидерот на парламентарната група на Фидес.

„Повеќе од илјада луѓе работат под Кочиш, па во оваа смисла, тој е работодавач на сите во партиската органозација“, нагласи Паркаи, кој не даде конкретен одговор за тоа како се вработил во фракцијата Фидес. „Познавам многу луѓе, некој ме препорача“, рече тој, но не откри кој е тој човек.

Паркаи тврдеше дека Мате Кочиш немал никаква врска со тоа што Романовски завршил во неговиот имот. Тој нагласи дека полскиот политичар веќе престојувал во неговиот стан пред да биде назначен на неговата пратеничка позиција. Ова навистина може да биде случај, бидејќи документите до кои дојде Direkt36 покажуваат дека Паркаи го издава својот имот под наем на Романовски од декември 2024 година.

Во истата зграда се наоѓа и една од компаниите на Давид Паркаи, Patr-event Magyarország Kft., која, според извештајот на Telex , добила 450 милиони форинти финансирање од Националниот културен фонд на Унгарија за организирање музички настани. Канцеларијата на заедничката компанија на браќата Паркаи се наоѓа и во зградата. Меѓу другото, компанијата се занимава со посредување во недвижности и управување со имот.

Паркаи изјави дека Романовски живее во неговиот стан откако добил азил, што значи дека политичарот легално престојува во имотот.

На Романовски му беше доделен азил од унгарската влада во декември 2024 година. Поранешниот министер за правда Збигњев Зиобро, беше исто така вмешан во овој случај; тој и неговата сопруга, исто така добија азил од унгарската влада на крајот на 2025 година.

Сепак, статусот на Романовски може наскоро да се промени. На прес-конференцијата на 13 април, идниот премиер Петер Маѓар објави дека по формирањето на владата, партијата Тиса ќе ја разгледа состојбата на политичарите кои добиле политички азил од владата на Орбан, но се соочуваат со пресуди или судски постапки во нивните матични земји – вклучително и статусот на азилант на Романовски.

Во февруари полските власти издадоа европска потерница за Романовски. Во исто време, владата на Орбан веќе се обиде да донесе закон со кој ќе се осигури дека Романовски и другите политички азиланти не можат да бидат екстрадирани во нивните матични земји дури и по промената на владата. Суштината на законот донесен во 2025 година е дека ако унгарскиот суд наложи извршување на европска потерница, Врховниот суд може да ја поништи одлуката по иницијатива на Генералниот обвинител.

Како одговор на новинарско прашање за ова прашање, Паркаи изјави дека доколку статусот на Романовски се промени со формирањето на новата влада, договорот ќе биде раскинат штом неговиот престој стане нелегален. Според него, Романовски ги покрива своите трошоци, иако не сакаше да ги образложува деталите од договорот за закуп. Уште рече дека Романовски му се обратил бидејќи видел дека неговата компанија е вклучена во изнајмување имоти.

Извор и фото: Direkt36

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ