Цреши од увоз на тезгите во Загреб, главниот град на Хрватска во моментов можат да се купат по цени и до 20 евра, пишува РТЛ. И тоа цреши најчесто увезени од Шпанија, каде поради топлата клима, раните сорти веќе се на трпезите на потрошувачите низ светот. Домашните цреши, како што велат хрватските производители, се очекува да стигнат кон крајот на месецот. Купувачите со подлабок џеб можат да си дозволат од увозните, додека оние другите, може само да ја коментираат цената.
– Ова е претерано. Килограм цреши 20 евра? Па од што се направени, од злато?! – прашува Давор од Загреб. Слично размислува и Ела, која верува дека таквите цени немаат никаква врска со вистинскиот стандард и додава дека, вели таа, треба да се прашаат и потрошувачите кои можат да си го дозволат тоа.
Од друга страна, домашните производители тврдат дека проблемот не е кај нив, туку во синџирот на препродажба. Одгледувачот Роберт Хаџиќ, кој со децении се занимава со производство на цреши, најавува дека неговите домашни цреши оваа година ќе чинат помеѓу седум и осум евра за килограм.
– Она што се случува сега нема никаква врска со реалноста. Во ред, ова се рани шпански цреши, но не чинат 20 евра ниту во Германија ниту во Австрија. Тоа е шпекулација – предупредува тој.






