Разголени фотографии од премиерката на Италија, Мелони се појавија во јавноста – „Тој што ги создал, ме разубавил“

„Циркулираат неколку лажни фотографии од мене, генерирани со вештачка интелигенција и претставени како вистински од некој ревносен противник. Морам да признаам дека оној што ги создал, барем во приложениот случај, ме разубавил и тоа многу. Но, фактот е дека, само за да нападнат и измислат лаги, денес се користи сè“, напиша италијанската премиерка Џорџа Мелони, откако се појавија дипфејк фотографии со нејзиниот лик.

Споделувајќи ја фотографијата со манипулираната објава на Х, Мелони препорачува да се погледне добро пред да се поверува.

Поентата, сепак, оди подалеку од мене. Дипфејксовите се опасна алатка, бидејќи можат да измамат, манипулираат и да нападнат секого. Јас можам да се одбранам. Многу други не можат. Поради оваа причина, секогаш треба да важи едно правило: проверете пред да верувате и верувајте пред да споделите. Бидејќи денес ми се случува мене, утре може да му се случи на секого“, напиша Мелони.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ