Возачите со забрана во една земја-членка автоматски го губат правото да возат во сите членки на ЕУ – Најавени промени во возачките дозволи

Фото; Принтскрин

Европскиот парламент усвои нови правила за возачки дозволи кои ќе важат низ целата Европска Унија. Реформата има за цел да ја зголеми безбедноста на патиштата, да го модернизира системот и да ги хармонизира прописите низ земјите-членки. Модернизацијата на системот и примената на унифицирани правила низ целата Европска Унија ќе започне во 2028 година, до кога сите земји-членки се должни да спроведат мерки за прилагодување.

Што носат промените?

Една од првите поголеми промени се однесува на забраната за возење . Возачите на кои им е забрането да возат во една земја-членка автоматски го губат правото да возат во сите други земји на ЕУ. Ова дополнително ја зајакнува прекуграничната соработка меѓу земјите и спречува избегнување на санкции за несовесни возачи со преселување во друга земја.

Дигитални возачки

Големата вест се однесува и на дигитализацијата на документите . До 2030 година, граѓаните на ЕУ ќе мора да имаат дигитална возачка дозвола достапна на паметните телефони, додека физичката верзија на картичката ќе остане достапна по потреба.

Новите правила им носат олеснување на возачите на кампер-комбиња . Со возачка дозвола од категорија Б, ќе може да се возат кампер-комбиња со тежина до 4,25 тони, но со дополнителна обука или полагање на посебен испит.

За да се справи со недостигот од професионални возачи, Европската Унија ја намалува старосната граница за возење камиони од 21 на 18 години, додека возачите на автобуси ќе можат да работат на 21 година, наместо на сегашните 24.

Примената од 2028-ма

Новите правила вклучуваат и задолжителен пробен период од најмалку две години за новите возачи , додека возењето со придружба за седумнаесетгодишници ќе биде дозволено во сите земји-членки.

Возачките дозволи ќе важат 15 години, а по нивното истекување, поединечните земји-членки можат да побараат нов медицински преглед, но тоа не е задолжително низ целата Унија.

Постепеното воведување на новите правила ќе започне во 2028 година, додека целосната дигитализација на возачките дозволи се очекува до 2030 година.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ