На крузерот „Хондиус“, кој е во центарот на светското внимание поради појавата на хантавирус, има и државјанка од Црна Гора. Институтот за јавно здравје на Црна Гора (IJZCG) соопшти дека таа се чувствува добро и не е заразена.
„Во контакт сме со единствената граѓанка на Црна Гора која е на тој брод. Таа нè контактираше, рече дека е здрава, дека не се разболела, дека не била во близок контакт со овие други случаи од бродот, дека нивната состојба редовно се следи и дека сите граѓани се транспортираат во нивните матични земји“, изјави епидемиологот од IJZCG, Адис Мартиновиќ, за Радио Црна Гора.
Тој нагласува дека вирусот се смета за многу смртоносен бидејќи 38 проценти од пациентите ја губат битката со него и потсетува дека Светската здравствена организација проценила дека ризикот од епидемија е низок, што значи дека граѓаните сè уште можат слободно да патуваат.
Како што информираше македонскиот Институт за јавно здравје, на бродот нема македонски државјанин ни како патник, ни како член на екипажот.






