Хрватска ги отвори границите за транспортерите, усвоен закон со кој професионалните возачи ќе добиваат долгорочни визи

Фото: МИА

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил објави дека во Хрватска е усвоен закон со кој професионалните возачи ќе може да добиваат долгорочни визи.

– Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе може да добиваат долгорочни визи.
Тоа е чекор напред во решение на проблемот што произлезе со воведување на ЕЕС-системот во шенген-зоната. Овој закон многу ќе им помогне на македонските професионални возачи – напиша Николоски во својата објава.

Ова, додаде, е реализација на договорот што го направивме со вицепремиерот и министер Олег Бутковиќ во јануари годинава.

– Швајцарија веќе издава долгорочни визи. Очекуваме и други држави да се приклучат. Продолжуваме кон конструктивни решенија за нашите професионални возачи – објави вицепремиерот Николоски.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ