Шок во етерот: Британско радио по грешка објави дека починал кралот Чарлс

„Поради компјутерска грешка во нашето главно студио, вестите за смртта на монархот, кои сите станици во Велика Британија ги држат во режим на подготвеност со надеж дека нема да бидат потребни, беа случајно активирани во вторник попладне и погрешно објавија дека Неговото Височество Кралот починал“.

Ова беше извинувањето од британското радио „Каролин“ до монархот и слушателите откако погрешно ја објави смртта на кралот Чарлс поради „компјутерска грешка“ , објави „Скај њуз“. Радио станицата соопшти дека „компјутерска грешка“ во нејзиното главно студио довела до погрешното соопштение во вторник попладне.

Менаџерот на радиото Питер Мур во објава на социјалните мрежи рече дека Радио Каролина потоа ја прекинало програмата и е прочитано извинување кога продолжила програмата.

 „Му се извинуваме на Неговото Височество Кралот и на нашите слушатели за евентуалните непријатности предизвикани од него “, рече Мур.

Инцидентот се случил додека кралот и неговата сопруга, кралицата Камила, биле на патување во Северна Ирска.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ