„Данската репрезентација ме воодушевува, треба да тежнееме кон тоа“ – Кире Лазаров во Стадион

Во денешното издание на емисијата Стадион гостува селекторот Кире Лазаров. Тој смета дека најдобра репрезентација моментално во светот се Данците и дека треба да се следи нивниот прогрес:

„Скандинавците, Данците се најдобри, ние мора да ги пратиме, да гледаме, да прашуваме. Да бидеме љубопитни како они работат. Затоа што, стварно и една Германија и една Франција веќе подолго време не можат ни да ги победат, камо ли да освојат од нив нешто. Не се сложувам дека е само трчи и шутирај, така изгледа, меѓутоа тоа е начин на тренинг, квалитетен тренинг со голем интензитет, со точно утврдени работи кои што треба да се тренираат. Тоа се специфични системи, кои што они доаѓаат со доста анализирано, доста испитувано и доаѓаат до еден таков производ каде што тоа изгледа како еден ракометен НБА. За тоа треба да бидете и физички и психички сремен, и спортско ракометно насочен, да можете да го пратите и да бидете компетититвен со еден таков вид на репрезентација. Вам ви изгледа како НБА, трчи и шутирај, меѓутоа мислам дека позади тоа има многу други работи, еве Данците, добро ги изанализирале, мислам дека знаат, да не претерам, точно во секоја секунда, во секој чекор, према напред, према назад, што треба да направат секој играч. Секој играч си ја знае улогата.“ – вели Лазаров.

Лазаров вели дека е воодушевен од анализата и стратегијата на Данците и дека ние треба да тежнееме кон таков ракомет:

„Бев на голема сцена, во најдобрите клубови во Европа, работев со најдобрите тренери. Гледам како оди тоа напред. Јакобсен како тренер го почитувам многу, мислам дека он освојува со Данска, има најдобар избор на играчи, меѓутоа секое првенство воведува нешто ново, тоа не можат другите да го пратат. Тоа е добро скоцкано, истренирано, изанализирано и е направено така што ме воодушевува. Треба да тежнееме кон тоа.“ – подвлекува Лазаров.

Целата емисија можете да ја погледнете овде:

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ