ДНК го утврдила идентитетот на мажот пронајен во буре, случајот во кој беше уапсен началникот на белградската полиција

Фото: Видео принтскрин

 Вишото јавно обвинителство во Белград попладнево соопшти дека Институтот за судска медицина „Милован Миловановиќ“ доставил извештај за идентификација на остатоците пронајдени во буре во Инѓија, при што е утврдено дека станува збор за Александар Нешовиќ, чие исчезнување е пријавено на 13 мај.

ДНК анализата утврдила дека станува збор за А. Н, чие исчезнување е пријавено на 13 мај 2026 година, соопштија од Обвинителството.  Останките беа пронајдени на 21 мај во буре на територијата на општина Инѓија, 60 километри северно од Белград.

По пукањето во ресторанот „27“ во населбата Сењак, во Белград, на 12 мај беа уапсени неколку лица, меѓу кои и началникот на белградската полиција, Веселин Милиќ, и уште тројца полицајци, кои се осомничени за прикривање докази. Милиќ беше началник на белградската полиција два мандата.

Во меѓувреме, тој беше советник на претседателот на Србија, кој му додели медал за храброст во 2021 година. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ