Цената на суровата нафта Брент повторно скокна

Фото: Фрипик

 Цените на нафтата пораснаа утрово поради неизвесноста околу изгледите за наоѓање решение за конфликтот на Блискиот Исток, при што суровата нафта Брент се искачи на 93,01 долари за барел.

Фјучерсите за сурова нафта Брент за испорака во август на лондонската берза ICE Futures се тргуваа по 93,01 долари за барел, што е за 1,89 долари повеќе од претходното затворање.

Фјучерсите за сурова нафта WTI во јули на електронската трговска сесија на Њујоршката трговска берза (NYMEX) се зголемија за 2,21 долари на 89,57 долари за барел.

Во текот на викендот, САД и Иран разменија предлози за нацрт-договор со кој ќе се продолжи примирјето и ќе се отвори Ормуската Теснина, но степенот на напредок во разговорите останува нејасен.

Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, го повтори своето барање Техеран да ја суспендира својата нуклеарна програма и целосно да го врати статусот на Ормуската Теснина како отворена меѓународна транспортна „артерија“, според Trading Economics.

Цените на нафтата во мај паднаа, но сепак се повисоки во споредба со нивоата пред војната. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ