Малта се разбуди рано утрово од силна експлозија што одекна низ голем дел од островот. Околу 6:30 часот наутро, фабриката за пиротехника Та’Лурдес експлодирала во областа Магхаб, а детонацијата била толку силна што жителите на бројни места пријавиле тресење на згради, скршени прозорци и силен ударен бран.
Според информациите од малтешките власти, во експлозијата повредени се двајца мажи на возраст од 47 и 67 години кои биле на блиските полиња во времето на несреќата. Тие биле итно префрлени во болницата Матер Деи, каде што им биле дијагностицирани полесни повреди и состојба на шок.
Fireworks site massive explosion in Malta. Luckily no casualties. pic.twitter.com/FX48M1D295
— RaymondTaboneHokay (@TaboneRaymond) June 1, 2026
Полицијата потврди дека во фабриката немало вработени со важечки работни дозволи во времето на експлозијата, со што е избегната потенцијално многу поголема трагедија.
По почетната детонација следела серија помали експлозии, додека огроме чад се кревал над областа видлива од неколку делови на Малта. Жителите опишале сцени слични на земјотрес. Еден сведок, кој ги шетал своите кучиња во паркот Кенеди Гроув во времето на експлозијата, рекол дека прво слушнал силен тресок, за кој помислил дека е експлозија на плинска боца, пренесува вечерњи лист.
Македонецот Игор Филевски, кој живее во Малта информираше за експлозијата, а објави и видеа.





