Dance Cup Stip викендов во НУЦК “Ацо Шопов”

Н 6 и 7 јуни во Штип ќе се оржи Dance Cup Stip, е интернационален натпревар и кој ќе се одржува по 6-ти пат во НУЦК “Ацо Шопов” во Штип. Организатори на натпреварот се Ана Марија и Стефан Габроски основачи на студиото за модерни танци Urban Crew. 

На 6-ти јуни на рограмата се Street Dance & Latin Style  дисциплините , доека на 7-ми се современ и класичен балет.

-Оваа година имаме над 1500 натпреварувачи од 34 клубови од Македонија , Бугарија, Грција , Србија , Косово. Се очекува публика и посетеност над 2500 луѓе. Сите натпреварувачи ќе добијат медали и дипломи , а за групните следува и трофеј.  Годинв имаме голема конкуренција како кај групните натпреварувања, така и кај солистите. Ова е еден натпревар што овозможува  на градот Штип во тие два дена да биде посетен од страна на многу гости , се очекува една убава и пријатна атмосфера, велат организаторите.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ