Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина рано изутрината тргна од аеродромот во Сараево, летајќи преку Франкфурт за САД.
Крајната дестинација на репрезентацијата на БиХ е Сент Луис, каде што ќе одигра пријателски натпревар против Панама на 6 јуни, што ќе послужи како генерална проба за настапот на селекторот Сергеј Барбарез на Светското првенство.
Пред заминување, капитенот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Един Џеко упати пораки со благодарност до навивачите и граѓаните.
„Знаеме од каде доаѓаме, знаеме колку луѓето во Босна и Херцеговина се грижат за оваа репрезентација и затоа ќе направиме сѐ што можеме за да ве направиме вас и нас горди Босанци и Херцеговци! Сонот што го чекавме долго време се остварува. Одиме заедно, како и секогаш. Вие со нас, а ние за Босна и Херцеговина. Се гледаме на Светското првенство“, напиша Џеко на социјалните мрежи.
По натпреварот против Панама, „Змејовите“ ќе се упатат кон Торонто каде што ќе ги чекаат првиот натпревар од Светското првенство против Канада, кој е закажан за 12 јуни.
Шест дена подоцна, тие ќе играат против Швајцарија во Лос Анџелес, а групната фаза ќе ја завршат со натпревар против Катар на 24 јуни во Сиетл. Базниот камп на репрезентацијата на БиХ ќе биде во Солт Лејк Сити.
Македонија не успеа да се квалификува за Светското фудбалско првенство 2026. Од земјите во регионот, ќе играат само репрезентациите на Хрватска и БиХ со историската квалификација.
Фото: Принт скрин





