И по 14 месеци од големата кочанска трагедија, здружението „Сaпорт Кочани” останува активно и посветено на поддршката на повредените и нивните семејства. Помошта продолжува секојдневно, а канцеларијата „Гнездо” и понатаму е место каде граѓаните можат да добијат поддршка, информации и неопходна помош. Го посетивме Гнездо, каде се сретнавме со Ана Вучева, волонтерка која е дел од „Сапорт Кочани” уште од самиот почеток на неговото формирање, веднаш откако и самата заздравела од повредите во дискотеката и се вклучила како волонтер.

Вучева во разговорот со Илчо Лазаровски вели дека иако поминало повеќе од една година од трагичниот настан, повредените сè уште имаат потреба од помош, а поддршката од волонтерите и хуманите граѓани не смее да запре.

