Четврта началничка смена во СВР Штип за 14 месеци – Баже Милев е новиот началник

Од заменичкото место во СВР Штип, за нов началник е поставен Баже Милев. Во изминатите пет месеци, началник на обемниот сектор во источниот регион беше Игор Јаковлевски, кој дојде од челната позиција од ОВР Кочани.

Милев е долгогодишен вработен во СВР Штип, кој дел од својот работен век помина во секторот Превенција.

Ова е четвртата началничка смена во Секторот за внатрешни работи по трагедијата во дискотеката „Пулс“ од Кочани, каде загинаа 63 млади луѓе. Десет дена по трагедијата беше сменет Дејан Салтировски и на негово место од СВР Скопје дојде Бојан Величковски, кој на оваа позиција остана 9 месеци како привремено решение. Беше наследен од Јаковлевски, а од вчера е поставен Милев.

Смените се случуваат во време кога полициски службеници од СВР Штип беа обвинети за трагедијата во „Пулс“, се случија и претреси и приведувања на инспектори во врска со случаи на продажба на дрога, а еден од сменетите началници во ОВР Кочани, беше снимен како службеното возило го користи за приватни цели.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ