(Видео) Босанците лути – Настапите на репрезентацијата нема да можат да се следат на јавниот сервис

Додека репрезентацијата на Босна и Херцеговина се подготвува за историски настапи на Светското првенство во фудбал, граѓаните се соочуваат со невиден срам, пишува Дневни аваз.

„Наместо да биде централно место за собирање околу екранот, јавниот радиодифузен сервис БХРТ останува во целосен програмски и финансиски мрак, немоќен да обезбеди пренос на натпреварите на „Змаевите“. Срамно е што граѓаните на БиХ мора да бараат и да плаќаат за алтернативни начини за гледање на „Змаевите“, пишува медиумот.

Репрезентативци на БиХ вечерва во 21 часот ќе го имаат својот прв настап на Мундијалот, кога играат со домаќинот Канада. Натпреварот се игра во Торонто на стадионот БМО Филд, и нема сомнение дека е од големо значење во борбата за квалификации за двата тима.

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина му пристапува на Светското првенство со голем оптимизам и повеќе од реални шанси за пласман во следната фаза од натпреварувањето. Според новите правила, можно е три екипи од групата Б да продолжат понатаму, а со Канада, Швајцарија и Катар, избраниците на Сергеј Барбарез сигурно ќе имаат што да кажат.

Огромен е интересот за натпреварот во Торонто, со оглед на тоа дека голема е босанската дијаспора во Канада и илјадници навивачи се на пат ги поддржуваат „Змејовите. Голем е бројот на граѓани од Босна и Херцеговина  кои пристигнаа во Канада за да ја бодрат фудбалската репрезентација.

Семејствата на босанските репрезентативци, како и бројни други навивачи на БиХ, споделуваат сцени од улиците на Торонто на социјалните мрежи. Интересна сцена беше споделена и од еден Инстаграм профил од Торонто.

Видеото прикажува конвој од возила украсени со знамиња на Босна и Херцеговина, со натпис: „Кој е од Босна и Херцеговина? Шетав во близина на Лејкшор/Торонто и фатив конвој од автомобили со босански знамиња. Прекрасно е да се види гордоста, енергијата и заедницата во акција.“

Кај нас натпреварот ќе може да се следи живо на Арена М премиум, каде се поместени уште неколку натпревари:

Арена M1 премиум:
20:00 Емисија СП фудбал
21:00 Канада – БиХ (фудбал)
03:00 САД – Парагвај (фудбал).

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ