„Во врвот на ВМРО имате серија на хомосексуалци коишто посветено работеа на хомофобична политика и пропаганда” – вели Димитров во „Стадион”

Во време на зголемена омраза и дискриминација кон ЛГБТИК+ заедницата, но и сериозни политички и општествени предизвици на 20 јуни во Скопје ќе се одржи Парадата на гордоста. Фестивалот годинава се одржува под слоганот „Сите нека знаат / Let Everyone Know”. Последните години донесоа и значајни промени, кои го стеснија просторот за живот и делување на ЛГБТИК+ заедницата, за што во емисијата „Стадион“ на Канал 77, зборува Славчо Димитров, истакнат активист, доктор по политичка филозофија. Димитров го споредува своето образование во Кембриџ и Белград со домашниот систем, нагласувајќи го недостигот на државни фондови за сериозна истражувачка работа.

Анализајќи го македонскиот контекст, го критикува тековните политики на власта и влијанието на религиозните институции, кои според него шират хомофобија и ја кочат демократизацијата. 

– Тоа се истите луѓе коишто ги палеа маските и пцуваа против докторите на јавни протести за време на короната коишто ширеа паники дека постои 5G а труење од небото и не знам што, коишто ширеа паники против ковид кога луѓе умираа на постели и докторите се убиваа од работа за да спасат колку можат со капацитетите и ресурсите што ги имаат. Тоа се луѓето коишто го слават Трамп, коишто го слават Путин и коишто го слават Ердоган и Орбан. Тоа се луѓето коишто искачаат на протести и поддршка на Путин и тоа се луѓето коишто се сликаа и одеа во емисии со убиецот на малото девојче од проруската партија. Тоа е профилот на луѓето со коишто Антонио Милошевски е влезен во кревети коишто успеаа да издејствуваат сите законски решенија коишто постоеја и политиките во образото коишто ја адресираа родовата еднаквост и недискриминацијата врз основа на сексуална ориентација и родофинитет да бидат избришани од овие места. Е тоа се случи во првите шест месеци од доаѓањето на ВМРО на власт, бидејќи, нели, се’ друго решија во државата, вели Димитров во „Стадион”.

Димитров зборува и за занимавањето со политика и носењето политика. Во таа смисла го оценува и вледењето на политичките елити.

-Да се бавите со политика значи да имате јасно профилирање по однос на серија прашања коешто го засегаат колективното живеење. Како ги уредуваме односите, која е идеолошката позиција, кои се нашите верувања, кои се нашите вредности и така натаму и не нужно. Ние ги имавме ВМРО 11 години претходно на власт, па сега јас нема да посочам никој, но вие имате во врвот на ВМРО серија на хомосексуалци коишто посветено работеа на хомофобична политика и пропаганда. Сакам да ви кажам, клучното прашање е каква политичка артикулација ќе изградите од сопствената маргинализирана позиција. Дали ќе сакате да се асимилирате и да станете дел од јатото коешто ве опресира и на тој начин да го продолжите премолчувањето за да влезете во некаква лажна фантазматска удобност или од таа од тоа искуство проживеано на исклучување на опресија ќе изградите политичка позиција којашто се бори за еднаквост, за праведно општество, за недискриминација на сите и за отварање на можности на сите луѓе подеднакво. Ние стоиме на втората позиција, кажа Димитров.

Емисијата „Стадион“ може да ја погледнете на линкот:

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ