Свештената бигорска Обител традиционално и годинава ќе го одбележи празникот на Пресвета Богородица, во чест на нејзината икона „Достојно ест“, која во овој божји храм пристигна кусо по пожарот на 30 септември 2009 година, кога пламените јазици целосно го пеплосаа Горни Палат.
-На 23 јуни (вторник) 2026 лето Господово, во Свештената бигорска Обител во 21 часот ќе започне сеноќното бдение во чест на празникот на Пресвета Богородица, во спомен на Нејзината чудотворна икона „Достојно ест“. Благослов да присуствуваат имаат сите коишто молитвено сакаат да го прослават сечесниот спомен на Мајката Божја, стои во соопштението.
Според архимандрит Кирил, Бигорски се закитил со копијата од оваа прекрасна икона во 2009 година, како „една слатка утеха после страшното огнено искушение врз обителта”.
