(Вознемирувачко видео) „Не убива земјотресот туку лошите згради“ -Два големи потреси во Венецуела, има мртви

Фото: Јутјуб

Два големи земјотреси утрово се регистрирани во Венецуела, што предизвикаа големи разурнувања. Се претпоставува дека голем број луѓе загинале.

Епицентарот на првиот земјотрес, со интензитет од 7,1 степени по Рихтеровата скала, бил на околу 28 километри западно од градот Морон на длабочина од 13 километри.

Неколку минути подоцна уследи уште еден земјотрес со интензитет од 7,5 степени според Рихтер.

Земјотресот се почувствувал и во главниот град на Венецуела, Каракас, како и во Богота, Колумбија.

По земјотресите Американскиот систем за предупредување од цунами издаде предупредување за Порторико и Девствените Острови, кои се оддалечени од епицентарот на земјотресот 300 километри.

Претседателката на Венецуела, Делси Родригез воведе вонредна состојба, пренесува МИА.

Геофизичарот Вилијам Јек од Американскиот геолошки завод (USGS) изјави за CNN дека двата последователни земјотреси веројатно предизвикале огромна штета бидејќи биле плитки и погодиле густо населени области. „Не е тресењето на земјата тоа што ги убива луѓето. Лошите згради се тие што ги убиваат луѓето“, нагласи Јек.

Според информациите од медиумите засега има над 30 загинати.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ