Концепт на „постепена интеграција“- ЕУ планот на идните членки преку економски бенефиции

 Европската комисија работи на план што би им овозможил на земјите-кандидатки за членство во ЕУ пристап до одредени економски придобивки и пред формалниот влез во Унијата, изјавија неколку официјални претставници, објави денеска бриселскиот Политико.

Предлогот се заснова на концептот на „постепена интеграција“, според кој, земјите-кандидатки би добиле поголем пристап до програмите на ЕУ, финансирањето, трговските олеснувања и делови од единствениот пазар, во согласност со напредокот во спроведувањето на реформите.

За разлика од претходните идеи за „полесно членство“, кои наидоа на отпор во главните градови на земјите од ЕУ, овој модел нема да им дава политички права за членство пред целосниот влез, туку би се фокусирал на економски и функционални придобивки. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ