Најмалку 55 лица се удавија обидувајќи се да се разладат од екстремните горештини – Франција на мака со жешкото сонце

Фото: МИА/ДПА

 Најмалку 55 лица се удавија во Франција додека се обидуваа да се разладат од рекордните горештини – изјави министерката за спорт Марина Ферари за радиодифузерот Франсинфо.

Властите стравуваат дека бројот на жртвите може да се зголеми во наредните денови бидејќи 61 департман е под црвена тревога поради екстремните температури, а уште 25 се под портокалова тревога.

Според Метео-Франс, температурите денеска во различни делови на земјата ќе се движат меѓу 36 и 41 степен Целзиусов.

Министерката за здравство Стефани Рист предупреди дека болниците би можеле да се соочат со многу тежок крај на неделата бидејќи расте бројот на посетите на ургентните одделенија и повиците до службите за итна помош.

Парискиот полициски префект Патрис Фор изјави дека болниците во Париз и во околниот регион веќе се преоптоварени.

Премиерот Себастиен Лекорни вчера го објави активирањето на третото ниво од здравствениот итен план ОРСАН, што го оцени како „највисоко ниво на мобилизација на здравствениот систем“.

Париските власти, исто така, ја забранија консумацијата на алкохол на јавни места од пладне денеска, како дел од мерките за справување со последиците од топлотниот бран. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ