Дали Македонија навистина забрзува или стагнира? – Иванов, Крмов и Бочварски во Стадион

Во денешното издание на емисијата „Стадион“ гостуваат тројцата пратеници од Штип – Борислав Крмов од Левица, Благој Бочварски од СДСМ и Душко Иванов од ВМРО-ДПМНЕ.
Само неколку дена по одбележувањето на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ, кој годинава се одржа под мотото „Македонија забрзува“, во студиото на „Стадион“ се отвора дебата за тоа дали земјата навистина се движи во вистинска насока. Додека владејачката партија тврди дека Македонија забрзува, опозициските партии не се согласуваат со оваа оценка и сметаат дека реалноста е поинаква.


Борислав Крмов е еден од најпрепознатливите пратеници на Левица, познат по своите остри критики кон власта и економските политики.

Благој Бочварски, поранешен градоначалник на Штип и поранешен министер за транспорт и врски, ги брани ставовите на СДСМ и говори за актуелните политички состојби гледани низ призмата на најголемата оппзициска партија.

Душко Иванов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ги брани позициите на владејачкото мнозинство и ги образлага визиите, идеите, решенијата и очекувањата од актуелните политики на државно и локално ниво.


Отворена дебата за актуелната политичка состојба, развојот на Штип, работата на Собранието и клучните предизвици со кои се соочува државата.

Дали Македонија навистина забрзува или тоа е само политички слоган? Не ја пропуштајте динамичната дебата со различни политички ставови и одговори на најактуелните прашања:



©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ