Во чест на Владо Јаневски утре, во 20:00 часот, на платото пред Арена „Борис Трајковски“ ќе има собир, за последен пат да му се оддаде почит.
-Нека неговите песни одекнат уште еднаш, нека светлината од свеќите биде нашето „благодарам“, а нашето присуство доказ дека големите уметници никогаш не се забораваат. Ги повикуваме сите што го сакаа, почитуваа и растеа со неговата музика да ни се придружат. Да го испратиме достоинствено. Со песна. Со тишина. Со љубов. Затоа што легендите никогаш не умираат. Тие засекогаш остануваат во срцата на својот народ, велат од организацијата.

