(Видео) Музика, свеќи и солзи…. Тивка журка за збогум на Владо Јаневски пред Арена „Борис Трајковски“

Музика, свеќи и солзи…. Зборови од стихови врежани длабоко во душата на неговата публика, која го сакаше, поддржуваше, почитуваше… Секој со свој спомен, што со Владо, што од настани во личниот живот кои се случиле, а ги пповрзуваат со неговите песни. И тага…

Ваква беш атмосферата вечерва пред платото на Арената „Борис Трајковски“, каде се собраа неговите обожаватели и преку песна му упатија последно-збогум! Се палеа свеќи ддодека на видео-бим одеа спотовите од песните во неговата богата кариера.

-Не ни се верува дека така брзо замина. Не беше за таму, имаше уште многу да напише, да испее, беа дел од коментарите на присутните.

Водител беше Марко Марк, кој заедно со фановите ја пееше „Некогаш и негде“, а направија и ѕвездено небо.

-Од првите музички чекори, преку историскиот настап како прв претставник на независна Македонија на Евровизија, па сè до последните концерти, остана доследен на себе, достоинствен, ненаметлив и искрен,,рече Марко.

Стево Чепишевски е долгогодишен соработник на Владо и на неговите концерти ги пееше придружните вокали.

-Владо многу се грижеше за својата публика, внимаваше на секој детељ на настапот. Така се грижеше и за нас. Поважно му беше ние да сме среќни и распложени отколку дали ќе направиме некоја грешка. Беше многу емотивен, со жар влегуваше на секој настап. Ја обожаваше неговата публика. Жално е што таков човек нѐ напушти. Тој беше поет пред сѐ. Не беше текстописец, беше поет, рече Стево, а кога заврши официјалниот дел додаде:

-Не знам како дојде до ова, бидејќи водеше здрав живот и вежбаше. Беше во форма. И самиот кажуваше дека е во форма и се чувствува убаво. Дури го зголеми репертоарот, па настапите му траеја по три часа, рече тој.

Влатко Плевнеш го приружуваше Владдо на сите негови настапи. Тој исто така им се обрати на фановите.

-Последен пат настапивме заедно во Охрид по Велигден, на 8 април. Имавме планови дека ќе свириме заедно во оваа сала зад нас уште многу пати, но ете, вечерва песните на Владо ги слушаме без него. Владо е тука, тој не заминува. Јас не ја прифаќам таа информација. Можеби неговото тело си замина, ама со духот е тука и ќе остане уште векови. Владо велеше дека не сака патетики. Сакам вечерва да го испратиме достоинствено, рече Влатко.

На последната журка присутни бе и други негови колеги, познати лица од јавниот живот, кои заедно со фановите тивко и достоинствено ги слушаа неговите песни, кои иако Владо физички веќе го нема, ќе останат да живеат вечно.

Владо почина во неделата по кусо боледување. Ќе биде погребан утре (1 јули) на Градските гробишта-Бутел.

Весна Миленковска

Фото: Вангел Тануровски

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ