(Видео) Толку од убавата приказна на Светско! БиХ загуби од САД и се враќа дома!

Фото: Јутјуб

 Соединетите Американски Држави го продолжуваат настапот на Светското фудбалско првенство, кое заедно го организираат со Канада и Мексико, откако триумфираа во шеснаесетфиналето во Сан Франциско над Босна и Херцеговина со 2-0 (1-0).

Американските фудбалери заслужено се пласираа во осминафиналето со головите на Фоларин Балогун во 45. и Малик Тилман, во 82. минута од слободен удар.

Босна и Херцеговина имаше фудбалер повеќе на теренот од 64. минута, кога стрелецот Балогун беше исклучен, но избраниците на селекторот Сергеј Барбарез беа немоќни да креираат шанси пред противничкиот гол.

До крајот, БиХ ја имаше иницијативата и се обидуваше да го искомплицира крајот на натпреварот, но остана многу далеку од тоа. Махмиќ се закани само двапати во продолженијата со удари од далечина, но топката во двата случаи помина покрај голот.

Противник на САД во осминафиналето ќе биде Белгија на 7 јули во Сиетл. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ