Вотка од воздух, алкохолен пијалак хит во светот

Фото: Инстаграм

Поради растечките последици предизвикани од глобалната еколошка криза, компанијата AIRCO од Њујорк, предводена од Грегори Константин, австралиски претприемач и експерт за индустриски технологии, го создаде најодржливиот пијалак во светот – вотка произведена од јаглерод диоксид одвоен од воздухот, соодветно наречена Air Vodka, пренесува мондо.рс.

Оваа компанија, еден од финалистите на натпреварот XPrize што го започна Илон Маск, ја пронајде својата цел во верувањето дека секоја идеја може да произлезе од ништо и дека буквално може да дојде од воздух.

„Кога почнавме, луѓето мислеа дека сме целосно луди – и мислам дека некои сè уште мислат така денес“, рече Грегори Константин, основачот на компанијата, кој соработуваше со Стафорд Шиан за да ја постави еколошката дестилерија.

За време на производството на едно шише вотка, околу 450 грама јаглерод диоксид се „заробуваат“ и се користат од воздухот, за разлика од традиционалното производство кое вклучува ферментација на зрна, кое испушта околу 6,8 килограми од овој загадувач по шише.
Од идеја до реализација, поедноставено, постапката изгледа вака: Се користи јаглерод диоксид, кој или се извлекува директно од воздухот или се собира на местото каде што потекнува, во индустриски постројки.
Потоа се комбинира со водород добиен со електролиза – процес во кој водата се разградува на водород и кислород со помош на електрична енергија.

Погледнете како изгледа водката на линкот:

https://www.instagram.com/p/CTbBMwCMVt-/?utm_source=ig_embed&ig_rid=A5JSG6d2lFGooeBNdyMC9VL

Резултатот од претходниот чекор е етанол, кој, по мешањето со вода, се претвора во вотка.

Откако дознаа дека можат да произведат алкохол со исклучително висок степен на чистота, ги анализираа пазарите со најголем потенцијал што би обезбедил одржливост на компанијата, и тргнаа од пазарот што најмногу го цени таквиот квалитет.

„Најважно за нас е да создадеме бренд кон кој луѓето ќе се стремат и искрено ќе ја поддржуваат. Оваа технологија е толку различна и единствена што е многу тешко да им се објасни на луѓето. Затоа производ што можат сами да го пијат е најдобриот начин да ги запознаеме со светот што го создаваме“, рече еднаш Грегори.

Според сопственикот, целата машинерија потребна за процесот се вклопува во соба со големина на вашата спална соба. Кога зборуваме за квалитет, „воздушната вотка“ е неоспорна, бидејќи содржи алкохол со највисок степен на чистота во светот. Токму поради оваа причина, кога ја консумирате, нема да почувствувате ниту силно „печење“ во грлото при пиење, па затоа шансите за мамурлак се помали.

„Во традиционалното производство на вотка се користат житарки, пченка или компири. За време на ферментацијата на нивниот шеќер, се произведуваат други видови алкохол, како што се метанол или бутанол, кои се одговорни за непријатното чувство на „печење“ за време на консумирањето на пијалокот, но и за негативните последици што го придружуваат“, објасни основачот на компанијата.

Покрај вотката, оваа технологија го роди и првиот парфем од јаглерод диоксид, кој е исто така потрошувачки производ кој бара многу чист алкохол, симболично именуван AIR.
Освен овие две продукции базирани на етанол, компанијата AIRCO „од ништо“ успешно произведува одржливо гориво за авиони, метанол, дизел, па дури и ракетно гориво.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ