(Видео) „Тажен сум, си заминувам со чиста совест“ –  Роналдо го одигра последниот натпревар на Светско првенство

Фото: Јутјуб

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо синоќа против Шпанија во Далас го одигра последниот натпревар во дресот на Португалија на Светско првенство. Неговата репрезентација го загуби осминафиналето со 1:0, што значеше и елиминација на Португалија.

– Тажен сум. Дадов сè од себе, дадов се од себе и си заминувам со чиста совест. Тоа е фудбалот, тоа е животот на еден фудбалер. Понекогаш победуваш, понекогаш губиш и мора да продолжиш. Да бидам искрен, ова беше моето последно Светско првенство. Но, ќе имам време да размислам за останатото подоцна. Ќе бидам со моето семејство, нема да донесувам никакви одлуки во моментот на возбуда и едноставно ќе продолжам со животот, изјави Роналдо.

За самиот натпревар португалскиот репрезентативец надополни:

– Тоа беше многу изедначен натпревар. Според мене, можеше да заврши во двата правци. Шпанија имаше малку среќа со постигнувањето голови во последните моменти. Но, тоа е фудбалот.

Португалија на Мундијалот одигра нерешено со ДР Конго (1-1) и Колумбија во групата (0-0), ги победи Узбекистан (5-0) во групата и Хрватска (2-1) во 1/16 финалето. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ