Разбиена е мрежа која продала над 200.000 фалсификувани кондоми во Европа

Мрежа која продала над 200.000 фалсификувани кондоми во Европа, без оглед на здравјето на купувачите, е разбиена, објави денес Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ).

„Овие фалсификувани кондоми биле продавани во Европа под името и логото на добро познат бренд“, објасни европската агенција, која, со помош на националните царински власти, успеала да утврди дека производите „запленети во Романија, Србија и Шпанија“ потекнуваат од истиот добавувач лоциран во Кина.

Во соработка со кинеските власти, Олаф успеа да го пронајде извозникот кој ги извршил пратките.

„Стоката била лажно декларирана како играчки, очигледно со цел да се избегнат контролите од страна на националните власти“, додека кондомите, како медицински производи, подлежат на строги правила и спецификации во Европа, посочи службата.

„Фалсификуваните кондоми се опасни. Тие можат да предизвикаат сексуално преносливи инфекции“, без да се заборави ризикот од несакана бременост или изложеност на токсични супстанции, потсети генералниот директор на „Олаф“, Петр Клемент, во изјавата цитирана во соопштението на агенцијата.

[ИЗВОР]

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ