(Видео) Меси ја врaти Аргентина од мртвите, го победи Египет и почна да плаче!

Фото: Јутјуб принтскрин

Актуелниот светски првак Аргентина ја продолжува одбраната на титулата на мундијалскиот турнир, откако вечерва се пласираше во четвртфиналето совладувајќи го Египет по чудесен пресврт со 3-2 во Атланта.

Египет имаше сензационално водство од 2-0 со головите на Ибрахим (15 минута) и Зико (67), кое го одржуваше до завршните десет минути од регуларниот дел.

Аргентинската опсада на голот на Египет вроди со плод во 79 минута кога Ромеро ја преполови резултатската негатива на актуелниот светски првак, а израмнувањето дојде само четири минути подоцна со голот на Меси, откако аргентинскиот капитен претходно во 19 минута не реализираше пенал.

Голот вреден пласман во четвртфиналето за Аргентинците го постигна Фернандез во втората минута од судиското продолжение.

Противник на Аргентина во четвртфиналето ќе биде победникот од последниот осминафинален натпревар меѓу Швајцарија и Колумбија.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ