(Видео) Натпреварот е наместен и честитам на Аргентина на освојување на Мундијалот, рече Зико низ солзи

Фото: You Tube

Фудбалската репрезентација на Аргентина го победи Египет по одличен пресврт со 3:2 и се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство во 2026 година.

Мостафа Зико постигна два гола. Едниот беше поништен, другиот признат. Тој застана пред камерите по натпреварот и даде отворена изјава.
Со солзи му се исполнија очите, не можеше да ги скрие, ниту пак можеше да се воздржи. Го излеа она што му беше на ум.

-Бевме одлични против актуелните светски шампиони, но судијата, Франсоа Летексие, дефинитивно беше пристрасен од самиот почеток на натпреварот. Постојано се обидуваше да нè запре, сакаше да нè замолчи на теренот. Судијата беше неправеден, неправеден, неправеден. Ги уништи напорите на цела една нација. Бог ми е доволен, тој е најдобриот заштитник, тој памети сè. Сакавме да ги направиме среќни, но не можевме. Не зависеше од нас, туку од моќните. Честитки до Аргентина за освојувањето на Светското првенство! Поклонето и е на Аргентина. Турнирот е наместен – рече Зико, пренесува еспресо.рс.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ