Селекторот на Египет среде мешаницата на нареварот ги прекрсти рацете во Х! Што значи тоа? (Видео)

Фото: Јутјуб

Драматичниот осминафинален натпревар на Светското првенство помеѓу Аргентина и Египет (3:2) донесе голем пресврт и бројни судиски контроверзии, но еден момент од крајот на натпреварот привлече посебно внимание.
Селекторот на Египет, Хосам Хасан, ги прекрсти рацете во форма на буквата Х, што му донесе жолт картон.

Што значи Х


Тоа е официјален знак на ФИФА што играчите, тренерите или судиите можат да го користат за да пријават сомневање за расизам или други форми на дискриминација за време на натпревар. Гестот служи како визуелен сигнал дека има сериозен инцидент и дека е потребна реакција од службените лица. ФИФА го усвои на Конгресот во 2024 година во Бангкок како дел од зголемените мерки во борбата против расизмот и дискриминацијата во фудбалот. Сепак, покажувањето на знакотХ не значи автоматско прекинување на натпреварот, туку активира постапка според која судијата ја проценува ситуацијата.

Кои се последиците?

Протоколот предвидува три можни чекори. Првиот е привремено прекинување на играта за да се процени што се случило. Доколку инцидентите продолжат, двата тима може да бидат испратени во соблекувалната, а како последно средство натпреварот може трајно да биде прекинат.

Шпанскиот весник АС пишува дека Хасан го направил гестот по третиот гол на Аргентина, убеден дека расистички навреди биле упатени за време на прославата на аргентинските фудбалери. Сепак, во тоа време немало јавно достапни докази што би потврдиле дека таков инцидент всушност се случил.

Нема прекин туку жолт картон
Францускиот судија Франсоа Летексиер не ја прекина играта ниту го активираше протоколот на ФИФА, туку му покажал жолт картон на Хасан поради насилните протести. Таа одлука предизвика поделени реакции и дополнително ги разгоре дискусиите по веќе контроверзниот крај на натпреварот.

По натпреварот, Хасан продолжи со сериозни обвинувања против судијата и организацијата за фудбал:

„Ќе кажам што мислам, без оглед на последиците. Ова беше очигледно наместен натпревар и целиот свет го виде тоа“, рече тој, меѓу другото, на прес-конференцијата по натпреварот, пренесува дневник.хр.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ