Владата на Албанија ги платила милионите за да Канје Вест одржи концерт крај Тирана

Фото: МИА

Албанскиот премиер Еди Рама ја поддржа одлуката на Албанската влада да издвои четири милиони евра за концертот на американскиот рапер Канје Вест. Според него, целта е да се заштити меѓународниот углед на Албанија и да се остварат значајни економски придобивки. Од друга страна пак, критичарите го доведуваат во прашање оправданото користење на државни средства за настан што е приватна организација.

„Владата во последен момент обезбеди средства за концертот на Вест. Со тоа избегна разочарување кај речиси 25.000 странски посетители од околу 80 земји, кои веќе купиле влезници“, соопштил Рама во изјава за албанската новинска агенција АТА. Концертот претставува голема можност за промоција на Албанија како туристичка дестинација и за привлекување меѓународни посетители, додал тој.

Според Рама, Владата на Република Албанија проценила дека настанот би можел да го зголеми државниот буџет, со најмалку 100 милиони евра.

– Зголемениот број резервации за сместување за викендот ја потврдува мојата процена за покачување на економската состојба во државата.

Концертот е закажан за 11 јули во близина на Тирана. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ