(Видео) Не е фер што Мбапе чекаше три минути за пенал, регираат фудбалските стручњаци

Фото: Јутјуб

РОЈ КИН (54), легендарниот ирски фудбалер и стручен коментатор, го критикуваше судењето откако Килијан Мбапе мораше да чека три минути и 12 секунди за да изведе пенал во победата над Мароко (2:0) во четвртфиналето на Светското првенство. Долгото чекање како да ја изнервира француската ѕвезда, што резултираше со удар што голманот Јасин Буну лесно го одбрани, пренесува индекс.хр.

А што се навистина се случи?
Аргентинскиот судија Факундо Тељо ѝ досуди пенал на Франција по прекршокот на Нусер Мазрауи врз Мбапе. Следеше долга проверка на ВАР, а судијата дополнително ја продолжи ситуацијата инсистирајќи Мбапе повторно да ја смести топката на пенал.

Кога доби шанса да шутира во 28-та минута, беше под своето вообичаено ниво, а мароканскиот голман Јасин Буну лесно го одбрани ударот.

Кин: Неправедно е да се чека повеќе од три минути
„Неправедно е“, изјави Кин за ИТВ. „Повеќе од три минути. Знам дека се играчи од светска класа, но ова е неправедно бидејќи е ситуација под голем притисок. Зошто мора да чека три минути? Тие се играчи од светска класа, но ова не е фер“, смета легендарниот Ирец.

Иан Рајт (62), исто така поранешен фудбалер, а сега коментатор, се согласи со него, кој веруваше дека долгото чекање му даде премногу време на Мбапе да размисли.
„Веројатно ве исфрла одд такт. Колку подолго чекате пенал, толку повеќе се прашувате што ќе правите. Се чини дека голманите ја надмудрија оваа техника на пенал со подзастанување“, рече поранешниот напаѓач на Арсенал.

Кин додаде: „Времето е непријател на напаѓачот кога чека. Така им ја враќате предноста на голманот и на тимот што го промаши пеналот, а тоа не е во ред.“

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ