Во трговија со текстил е работното искуство на поставениот заменик директорот на МРТ, тврди ДУИ

Џулијан Шабани, од осум кандидати е избран за заменик-директор на Македонската радио телевизија (МРТ). На изборот реагираа од ДУИ, според кои, Шабани има несоодветно работно искуство и образование, поради што при изборот е прекршен законот.

„Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Законот за административни службеници недвосмислено пропишуваат дека релевантното работно искуство се стекнува по завршување на соодветното образование, на работни места за кои се бара тоа ниво на квалификација. Истите закони предвидуваат најмалку осум години професионално искуство и четири години работно искуство на раководна функција. Во конкретниот случај, овие законски критериуми очигледно се занемарени. Лицето избрано за заменик-директор со гласовите на членовите на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН во Програмскиот совет, првиот испит на високообразовна институција го положило во 2020 година, а дипломирало во 2024 година. Неговото претходно работно искуство е во трговија со текстил, без ниту еден ден работен стаж во новинарството“, соопштија од ДУИ.

Во информацијата за изборот на Шабани за втор човек во јавниот сервис пишува дека навел дека има 20 години професионално искуство во областа на медиумите, телевизијата, комуникациите и менаџментот, а претходно работел во неколку локални и национални телевизии, меѓу кои и во МРТВ. Шабани работе на местата режија, продукција, а имал и 16 години иксуство на раководни позиции.

Шабани беше најспоменуваното име за заменик – директор со месеци наназад, уште пред распишување на конкурсите за избор на директор и негов заменик.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ