МВР потврди дека е уапсен Александар Лазаров – Цуната кој избега од полициската станица во Кочани

Четири дена траеше бегството на Александар Лазаров – Цуната од Кочани, кој беше приведен откако кај него беше пронајдена дрога и успеа да избега преку прозорот на Полициската станица. По него беше распишана меѓународна потерница. Цуната е фатен во Скопје и однесен во Полициската станица Кисела Вода.

-На 14.07.2026 година, по добиени оперативни информации за лице за кое од страна на МВР е распишана централна и меѓународна потерница, од страна на полициски службеници од СВР Скопје-Потраги од слобода е лишен Александар Лазаров (41) од Кочани. За Александар Лазаров беше распишана потерница по барање на Основен суд Кочани осомничен за сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка, соопшти МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ