Светот пламна со нафтената криза, а Трамп направил над 21.000 тргувања со акции и заработил за 1,4 милијарди долари

Фото: Видео Х

Претседателот Доналд Трамп за една година направил над 21.000 трансакции со акции и други хартии од вредност. Ова е јасно од инвестициските сметки на Трамп, пишува „Шпигел“. За споредба, неговиот претходник Џо Бајден пријавил само 13 трансакции со хартии од вредност во текот на целиот свој четиригодишен мандат.

Според германскиот медиум, декларацијата открива средства, вклучувајќи заработка од криптовалути од над 1,4 милијарди долари, значителни дивиденди, бројни недвижнини, златни прачки и пазарни сметки со салда од над 100 милиони долари.

Документот содржи и информации за примени подароци, вклучувајќи 10 билети за Светското првенство во вредност од 15.000 долари, обезбедени од претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ