Се одложува финалето на Светско првенство?

Финалето на Светското првенство во фудбал кое треба да се игра во недела на 19.јули во Њујорк со почеток во 21 часот, можно е да биде одложено. Натпреварот ќе се игра на стадионот на во Њу Џерси кој има капацитет од 82.500 седишта.

Неколку дена во пресрет на големиот спектакл организаторите имаат причина за загриженост поради најавата за неповолни временски услови. Се очекува температура од околу 28 степени и можност за грмотевици. Стадионот е отворен (нема кровна конструкција).

Првиот финалист е репрезентацијата на Шпанија, а второто полуфинале се игра вечерва меѓу Англија и Аргентина. 

Евентуалното одложување ќе биде голем и организациски и финансиски удар за ФИФА. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ