Овие играчи се уникатни, а навивачите се брилијантни, рече Скалони по победата над Англија и пласман во финале на СП

Фото: Јутјуб

Веројатно дури и не сме свесни за сè што направивме досега. Одиме понатаму

Секако дека ќе се обидеме да победиме

Нашите натпревари на ова Светско првенство се импресивни, изјави воодушевено аргентинскиот селектор Лионел Скалони по синоќешниот триумф над Англија со 2-1 и пласманот во финалето.

Актуелниот светски првак беше во гол негативата во полуфиналето во Атланта, откако Ентони Гордон ѝ донесе водство на Англија во 55. минута, по што следуваше 40. минутна опсада кон голот на Џордан Пикфорд. Аргентинците напаѓаа од сите страни со сите орудија и откако Енцо Фернандез го израмни резултатот во 85. минута, нововлезениот Лаутаро Мартинез биеше прецизно со глава во 90+2 за заслужен триумф на Аргентина.

Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!

„Пресреќен сум. Ова чувство не може да се опише. Воодушевен сум за играчите и за сите Аргентинци. Веројатно дури и не сме свесни за сè што направивме досега. Одиме понатаму“., рече по полуфиналниот натпревар Скалони.

Аргентина в недела во финалето против Шпанија ќе се обиде да ја одбрани титулата и по четврти пат да стане светски првак.

„Моите играчи никогаш не престануваат да ме воодушевуваат. Тие се импресивни. Не мислам дека сум арогантен кога велам дека овие играчи се навистина уникатни, а навивачите се брилијантни. Кога велам дека нè доведоа до победа, навистина го мислам тоа. Финалето? Повторно ќе дадеме се од себе. Секако дека ќе се обидеме да победиме. Втор пат по ред би било неверојатно“, порача Скалони.

Во историјата на светските првенства, само Италија во 1934 и 1938 година и Бразил во 1958 и 1962 година успеале да ги одбранат титулите светски првак. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ