Големата прослава на Шпанија по освојувањето на титулата светски шампион беше засенета од грдите сцени што следеа по последниот свиреж на судијата против Аргентина, Н1.ба.
Леандро Паредес повторно беше во центарот на вниманието, а ново видео што се појави на социјалните мрежи покажува дека конфликтот не започнал со Гави, како што првично се веруваше, туку со Ерик Гарсија.
Ново видео снимено од трибините покажува дека Паредес претходно му се приближил на Ерик Гарсија, го турнал, го шутнал и го соборил на тревникот. После тоа, според достапните снимки, тој го зграпчил и за вратот пред да се упати кон Гави.
🚨🥊 Full scenes after final whistle.@MickyJnr__ 🎥 pic.twitter.com/ZXCvAFkHwy
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 20, 2026
На социјалните мрежи се појави и видео на кое се гледа како Нахуел Молина наводно се обидува да го удри капитенот на Шпанија, Родриго, додека во друго видео моментот кога помошникот селектор на Аргентина, Роберто Ајала, се степал со Дани Олмо.
За разлика од повеќето негови соиграчи, Лионел Меси не учествувал во туркањето.
Леандро Паредес, зборувајќи за медиумите во Аргентина, објаснил зошто го нападнал Гави по последниот свиреж на судијата.
-Гави ми пријде веднаш по последниот свиреж на судијата, додека сите славеа. Ме погледна и на шпански рече дека денес нема судија ниту ВАР да му помогнат на Меси. Тоа не ми се допадна. Беше непочитување, особено кога натпреварот веќе беше завршен“, рекол Паредес и додал:
„Му се приближив и го удрив во лице. Не можев да стојам настрана и да дозволам дете да зборува за Меси така. После тоа, сè излезе од контрола. Играчи од двата тима втрчаа, имаше туркање, викање и сите се обидуваа да ги заштитат своите соиграчи. Вакви работи се случуваат кога емоциите се на врвот по финалето на Светското првенство. Не сум горд што имаше конфликт, но не можев да дозволам некој да го навредува Меси а јас да гледам и да не реагирам“, пренесува Н1.ба.






