Случај за Гинис е регистриран вчера од полицијата во Делчево, кога бил сопрен и алкотестиран 26-годишен возач, кој во крвта имал рекордни 4,35 промили алкохол.
– На 20.07.2026 во 15:05 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода А.Т.(26) од селото Митрашинци, беровско. При сообраќајна контрола на булевар „Македонија“ во Делчево, полициските службеници сопреле патничко возило „ровер“ со беровски регистарски ознаки, при што било констатирано дека А.Т. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 4,35 промили алкохол во крвта, соопшти СВР Штип.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.






