Доналд Трамп се најде под лупата на јавноста откако видеото од погребот на сенаторот Линдзи Греам, на кое тој дели бомбончиња Тик Так со Џ.Д. Венс, се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции. Но, не само тоа,с е појави и видео во кое, како што тврдат на социјалните мрежи, тој заспал.
President Trump hands out Tic Tacs at Lindsey Graham’s funeral. pic.twitter.com/RzgdmDK50b
— Breaking911 (@Breaking911) July 28, 2026
Трамп, предизвика дебата на интернет по еден момент со бомбони Тик Так за време на погребната церемонија на сенаторот Линдзи Греам во Вашингтон. Видеото на кое Трамп му подава кутија Тик Так на потпретседателот Џ.Д. Венс од првиот ред стана еден од најсподелуваните моменти од настанот.
Видеата од Трамп и Венс со бомбони Тик Так набрзо станаа вирални на платформата Х. Едно од нив го покажува Трамп како се обидува да стави Тик Так во уста, но не успева, пренесува Н1.хр
Но, не е само тоа видео, за време на погребот на Греам во Вашингтон, Доналд Трамп ги затворил очите неколку пати, поради што на социјалните мрежи се проширија тврдења дека задремал.
На снимката од Националната катедрала, 80-годишниот Трамп може да се види како седи во првиот ред, повремено спуштајќи ја главата и држејќи ги очите затворени подолго време. Не е можно со сигурност да се утврди дали спиел, но сцените предизвикаа бројни реакции, пренсув индекс.хр.
„Да луѓе, тоа е човекот кој ги држи кодовите за нуклеарно оружје. Размислете“, напиша еден корисник на Х.
Trump can barely keep his eyes open
— Atheistboi (@athiestboi) July 29, 2026
Is this your president ? pic.twitter.com/DPXprdebr1
Други се потсетија дека со години Трамп го нарекувал својот претходник Џо Бајден „Поспан Џо“ и го обвинувал дека заспива додека ги извршувал претседателските должности.
Белата куќа ги отфрли тврдењата дека Трамп спиел.
„Претседателот Трамп размислувал за загубата на својот драг пријател Линдзи Греам, на кого штотуку му одржал прекрасен говор. Секој што вели поинаку е изопачен идиот“, изјави портпаролот на Белата куќа, Дејвис Ингл, за „Индипендент“.





