Доаѓа пеколно жешко време и дење и ноќе, информираат од УХМР.
-Под влијание на топла воздушна маса од југ за време на продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 32°C, а во некои места ќе надмине 40 степени. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови, се вели во информацијата од УХМР.





