Бугарија добила стотици страници упатства од ЕБУ како да ја организира Евровизија, не е само Софија или Бургас!

Фото: Јутјуб

Салата не е единствениот критериум. Ова го најави ТВ-водителката и шефица на бугарската делегација Борјана Граматикова во врска со изборот на град домаќин за Евровизија 2027, пренесува бугарскиот портал Актуално.

„Треба да се опфатат многу други точки. Читав статии во кои се вели дека најважно е локацијата или буџетот. Но, вистината е дека за да се биде домаќин на добра Евровизија, потребно е добро партнерство со Европската радиодифузна унија и градот домаќин. Сè мора да биде во ред. Безбедноста или нешто друго, на пример, не може да биде проблем, сè е важно. Затоа имаме стотици страници упатства од ЕБУ“, коментираше таа.

Граматикова рече дека БНТ многу наскоро ќе го објави градот домаќин. Според неа, двата града кандидати, Софија и Бургас, се многу добри и силни како кандидати и таа може да ја замисли Евровизија на двете места.

Според Граматикова, БНТ не сака да брза со одлуката и затоа си дава малку повеќе време за анализа.

Пред неколку дена беше најавено дека националната телевизија ќе ја објави својата одлука за тоа кој град помеѓу Софија и Бургас го избрала за домаќин на натпреварот за песна во мај следната година, но во последен момент изборот беше одложен.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ