Бугарија ги засили мерките за увоз на домати, пиперки, праски, лубеници.., од Македонија

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку својата официјална фејсбук страница информира дека од 3 август 2026 година Бугарија воведе засилени официјални контроли при увоз на пратки со свежо овошје и зеленчук – домати, пиперки, праски и лубеници – преку граничните контролни пунктови Ѓуешево (Деве Баир) и Златарево (Ново Село).

Мерката се однесува на пратки со потекло од трети земји, вклучително и од Македонија, кои се наменети за бугарскиот пазар.

-Операторите кои извезуваат или вршат транспорт на оваа категорија производи во Република Бугарија преку контролните пунктови на посочените гранични премини, при планирање и реализација на пласманот на пратките, да ги имаат предвид воведените засилени официјални контроли. Агенцијата за храна и ветеринарство ќе ја следи состојбата и навремено ќе ги информира операторите за сите информации од значење за непречено одвивање на трговијата и исполнување на законските барања, наведува АХВ по добиеното известување од Бугарската агенција за безбедност на храната.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ