Ѓуретановиќ го собори рекордот на Маленко по 30 години

Фото: Фејсбук

 Единствениот македонски претставник на Европското првенство во пливање во Париз, Никола Ѓуретановиќ денес го имаше својот прв настап.

Македонецот во квалификациите на 200 метри слободно постави нов државен рекорд  со време – 1:52.59 минута и за 15 стотинки го собори 30 години стариот рекорд на Александар Маленко од Копенхаген.

Воедно, Ѓуретановиќ за 27 стотинки пливаше побрзо од своето најдобро време постигнато во јуни годинава.

Македонскиот пливач во својата група го освои 6.место од 10 пливачи и е вкупно 70-ти од 87 пливачи.

Ѓуретановиќ в недела ќе плива на трката 400 метри слободно.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ