(Видео) Пожар на Халкидики – пораки за евакуација на Сивири и Фурка

Фото: Видео

Пораки од бројот 112 за итни случаи за евакуација на Сивири и Фурка, кон Касандрија, односно кон Скиони, на првиот крак на Халкидики, беше испратена до сите оние кои се наоѓаат во двете места, поради пожарот што избувна околу 14 часот по локално време и брзо се прошири, јави дописничката на МИА од Атина.

Противпожарните сили беа дополнително зајакнати и интервенираат 125 пожарникари со три пешадиски тима и 42 возила, меѓу кои 12 пожарникари со три возила од Молдавија, кои се наоѓаат во Грција во рамките на програмата преку европскиот механизам за цивилна заштита.

За гаснење од воздух ангажирани се девет авиони и три хеликоптери, од кои еден за координација, а помагаат и цистерни од општина Касандра.

Пожарот избувна околу 14 часот по локално време и брзо се прошири, 40 минути подоцна беше испратена првата порака од 112 за информирање на оние кои се наоѓаат во поширокото подрачје на пожарот, а подоцна беа испратени уште три пораки за евакуација.

– Шумски пожар во вашиот регион. Ако се наоѓате во Сивири во регионалната единица Халкидики, упатете се кон Мола Калива, беше првата порака од бројот за итни случаи 112, потоа следеше уште една во 15.48 за сите што се во Сивири да се евакуираат кон Касандрија, додека пак оние од Фурка во исто време добија порака да се евакуираат кон Скиони.

Поширокиот регион на Халкидики денеска е во категоријата четири со многу голема опасност за избувнување пожари.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ