Трагедија! Родители после 100 километри возење виделе дека син им починал на задното седиште

Фото: Јутјуб

Семејно патување во Италија заврши трагично откако родителите сфатија дека нивниот 31-годишен син на задното седиште е мртов дури откако поминаа сто километри.
Трагедијата се случила во недела наутро на автопатот А21 Торино – Пјаченца. Семејство од романско потекло тргнало од Пјаченца за Торино, наводно на излет, пренесува дневник.хр.

Таткото возел, мајката била на совозачкото седиште, а нивниот син седел на задното седиште. Бидејќи не им одговорил, родителите претпоставиле дека се одмара и продолжиле да возат.

По возење од околу сто километри, се обиделе да го разбудат, но тој не реагирал. Таткото го запрел автомобилот на станицата за одмор помеѓу раскрсниците Кастеџо и Вогера, каде што сфатиле дека нивниот син е во несвест.

Повикале е брза помош, но медицинскиот тим по пристигнувањето можел само да ја потврди смртта на 31-годишникот.

Според информациите што им ги далеа родителите на лекарите, младиот човек имал благи срцеви проблеми. Се претпоставува дека одеднаш се разболел додека возел, но официјалната причина за смртта сè уште не е потврдена, пишува  La provincia Pavese.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ